Поранешниот министер за правда Билен Саљији, кој поднесе оставка во март годинава, по официјалното предавање на функцијата рече дека работата на новата министерка Рената Дескоска за нијанса ќе и биде полесна, бидејќи друго било да си министер за правда на 1 јуни 2017 година, а друго сега кога се јасно поставени контурите за реформи во правосудниот сектор.
– Останува се тоа што го зацртавме со макотрпна работа да го спроведе на дело, за да добиеме што понезависен судски систем во Република Македонија – рече Саљији.
На новинарско прашање каде ќе продолжи Саљији рече дека за тоа ќе одлучат органите на партијата.
Во однос на неговото раководење со министерството, Саљији кажа дека ќе покаже времето и ќе оценат граѓаните.