Сашо Василевски не го прими писмото за премислување

Василевски им рече на демонстрантите дека Македоснија има единствен пат ЕУ и НАТО.

2216

Сашо Василевски, исклучениот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за отворање на уставните измени, вечерва се соочи со демонстрантите кои се обидоа да му предадат писмо пред неговиот дом. Тој одби да го прими писмото во кое се бара да не гласа за уставните измени и им го кажа сопствениот став дека земјата има само еден пат – да стане членка на НАТО и ЕУ што е можно побрзо.

– Македонија има единствен пат, да стане членка на ЕУ и на НАТО асоцијацијата. Како пратеник ќе се борам да го јакнеме и стратешкото партнерство со САД, затоа што најкусиот пат до двете асоцијации е преку Вашингтон- рече Василевски.

Тој додаде дека писмото е задоцнето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...