Саше Ивановски не поставил нарачано прашање до Заев, само логицирал како него

2101

Во врска со примената жалба од сопственикот на Мактел Саше Ивановски, на текстот со наслов „Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?“, објавен на порталот Плусинфо.мк, на 4.01.2020 година, на 8 јануари 2020 година, пред да ја добијам жалбата од Ивановски, на неговата имејл-адреса му го испратив следниов допис:

Г-н Саше Ивановски,

Откако го прочитав Вашиот текст за прашањето до г-н Заев на онаа прочуена прес-конфреренција – кое тогаш навистина ми се чинеше нарачано – сфатив дека навистина било можно вие и премиерот да логицирате на сличен начин.

Поради ова, без оглед на безбројните клевети и навреди со кои ме „почестувате“ скоро секој ден, јас сепак Ви се извинувам за моето тврдење дека Заев од Вас нарачал такво прашање. Или било какво. Напросто се чудам како воопшто сум можел да помислам такво нешто.

Иако Вие пренесувате мои текстови и без прашање, јас сепак сакам формално да Ви дозволам да го објавите ова извинување во целина.

Бранко Героски

По ова, СЕММ ме извести дека започнал процес на медијација и од мене го побара следново. Цитирам: „Доколку се согласувате со предлогот на жалителот, во тој случај Ве замолуваме да го објавите извинувањето јавно на интернет порталот Плусинфо.мк, во корелација со текстот кој што е предмет на оваа жалба и да ни испратите линк од објавата“.

Еве, тоа е сторено. Очекувам жалителот самиот да се погрижи за натамошна експлоатација на оваа објава на неговиот портал. на социјалните мрежи и секаде каде што ќе најде за потребно тоа да го прави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...