Саша од Русија се родил со посебен хендикеп, на светот има уште 2 такви бебиња – сега чека да биде посвоен

Се верува дека детето страда од екстремен облик на реткиот SOKS2 анофталмиски синдром кој погодува едно бебе во четвртина милион.

1573

Во Томск во Русија во април оваа година e роден малиот Александар К, или Саша, како што го нарекуваат, со многу редок хендикеп – тој е едно од трите бебиња во светот без очни јаболчници.

Поради тоа што ги нема органите за вид, шестмесечниот Саша никогаш нема да може да гледа. Се верува дека детето страда од екстремен облик на реткиот SOKS2 анофталмиски синдром кој погодува едно бебе во четвртина милион.

Мајката на Саша е девојка која и самата пораснала во сиропиталиштето во кое сега е нејзиниот син. Таа за хендикепот на детето дознала додека уште била бремена, но сепак одлучила да го роди. Меѓутоа, морала да се откаже од него бидејќи не можела да му ја пружи негата која му е потребна. Нема податоци за таткото, а во неговиот извод на родените е впишана црта каде што би требало да стои името на таткото.

Во сиропиталиштето велат дека Саша е весело и мирно бебе. Се смее кога слуша познати гласови и комуницира како секое друго бебе.

Покрај тоа што нема органи за вид, лекарите велат дека малиот Саша е единствен и по тоа што е сосема здрав. Обично бебињата родени со тежок хендикеп имаат и други здравствени проблеми, но ова дете има само две цисти на челото, кои наскоро ќе бидат отстранети. Инаку е сосема здрав.

На детето во Санкт Петербург неодамна му направиле вештачки очни јаболчници за да не му се деформира лицето додека расте. На таквите операции ќе мора да оди редовно, бидејќи и очните јаболчници растат како и другите делови од телото.

– Саша минува низ редовни прегледи и тестови како и секое друго бебе на негова возраст. Добро му оди – рекла Татјана Рудниковиќ, докторка од Томск, и додала дека детето е подготвено за посвојување.

Предност во посвојувањето прво ќе имаат родители од Русија, а подоцна ако нема заинтересирани и од други делови од светот, со тоа што постојат ограничувања кога станува збор за посвојувачи од САД.

ФОТО: Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...