Саудискиот принц за убиството на новинарот: Одговорен сум, се случи за време на мое владеење

И покрај обвинувањата од ЦИА дека тој го нарачал убиството, принцот го негира тоа.

565
ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Саудискиот принц Мохамед бин Салман првпат јавно го коментираше убиството на новинарот Џамал Кашоги, истакнувајќи дека тој е одговорен бидејќи се случило во негово време.

Ова е првпат Бин Салман да се огласи по повод бруталното убиство на новинарот во саудискиот конзулат во Истанбул.

– Целата одговорност е моја, затоа што тоа се случи за време на моето владеење – вели принцот во документарец на ПБС кој треба да се емитува на 1 октомври, на годишнината од смртта на новинарот.

И покрај обвинувањата од ЦИА дека тој го нарачал убиството, принцот го негира тоа.

На прашањето дали е можно да не знаел за убиството, принцот одговара дека Саудиска Арабија има 20 милиони граѓани и три милиони вработени, а на прашањето зошто убијците користеле владини авиони вели дека има министри кои надгледуваат се и се одговорни за се.

Кашоги, кој беше новинар и колумнист на Вашингтон пост, беше убиен откако влезе во Саудискиот конзулат во Истанбул во 2018 година.

За убиството се осомничени 11 лица, но се одржани само неколку рочишта.

ФОТО: EPA-EFE /ALI HAIDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...