Саудиска Арабија: Уапсени повеќе од 200 луѓе поради непристојност и злоставување

147

Повеќе од 200 лица се уапсени изминатите денови во Саудиска Арабија заради „непристојност“ и „злоставување“, прва кампања од таков вид од ублажувањето на општествените норми во таа конзервативна земја.

Околу 120 мажи и жени беа уапсени минатата недела за „несоодветна облека“ , соопшти полицијата во Ријад, додавајќи дека уапсените добиле соодветни казни без да прецизираат каков вид. Најмалку 88 лица се уапсени во последниве денови за „злоставување“, се вели во друго соопштение на полицијата.

Апсењата следуваа по поплаки на жени на социјалните медиуми во кои се тврди дека биле злоупотребени за време на фестивалот за електронска музика што се одржа во почетокот на декември во близина на Ријад.

Тоа е прва кампања од таков вид откако саудискиот принц, претстолонаследникот Мохамед бин Салман почна да ублажува некои општествени норми. Неговата политика доведе до повторно отворање на кина, одобрување на жени да возат автомобили и организирање на концерти и разни спортски настани

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...