Сари и официјално тренер на Јувентус

175
ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Тоа што деновите го објавија сите спортски медиуми денеска го потврди клубот од Торино кој соопшти официјално дека Маурицио Сари е новиот тренер на Јувентус.

– Новиот тренер на Јувентус досега во неговата кариера предводел 19 клубови. Со Емполи влезе во Серија А, потоа со Наполи од 2015 до 2018 освојуваше по 82, 86 и 89 бодови по првенство, за потоа да го предводи Челзи, со кого го освои својот прв трофеј во кариерата – Лига Европа. А сега неговата авантура почнува во Торино. Добро дојде во Јувентус – се истакнува во официјалното соопштение на италијанскиот шампион.

Договорот на Сари со Старата дама ќе трае три години односно истекува на 30 јуни 2022 година, а неговите цели се да ги освои домашното првентство и Купот, како и да го донесе трофејот на европската Лига на шампиони во Торино, на кого Јуве чека веќе 23 години.

Сари е познат по офанзивниот и атрактивен фудбал, а досега водел 810 натпревари во кои постигнал 374 победи, 237 нерешени и 199 порази, што покажува 46,2 отсто успешност на овој италијански стратег.

ФОТО: EPA / NIKLAS HALLEN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...