Сари добива поддршка од навивачите на Челзи, за Кепа се бара суспензија

362

По скандалот во финалето на Лига купот на Англија кога голманот на Челзи Кепа Аризабалага одби да биде сменет не прифаќајќи ја одлуката на тренерот Маурицио Сари, на социјалните мрежи се појавија лавина на коментари со осуда за Шпанецот и поддршка за италијанскиот стручњак.

– Да биде жестоко казнет! Веднаш да биде суспендиран од првиот тим. Вистински скандал досега невиден во Челзи. Каква дрскост, па тоа не го направиле ниту многу други фудбалери кои сме ги сметале за проблематични. Да си оди Кепа, а не Сари, ова се само дел од реакциите на навивачите на Челзи.

Со реакција се јави и поранешниот играч на „сините“ од Лондон, Крис Сатон.

– Кепа повеќе никогаш не треба да игра за Челзи. Тоа треба да биде последниот негов натпревар за Челзи. Јас никогаш не сум видел такво нешто. Челзи треба да се ослободи од него, а не од Сари, изјави Сатон.

Кепа остана на голот да ги брани пеналите, но не успеа да му го донесе трофејот на својот клуб. Манчестер сити победи со 5:4.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...