Санчо ќе заработува по 6 милиони евра на сезона во Дортмунд

134

Германскиот фудбалски вице-шампион Борусија Дортмунд ќе го обнови договорот на една од своите млади sвезди, Џејден Санчо со значително подобрени финансиски параметри, пренесува „Билд“.

Деветнаесет-годишниот Англичанец направи одлична мината сезона со „жолто-црните“, забележувајќи 13 голови и 19 асистенции на 43 официјални средби. Тој ја продолжи својата низа со уште 2 гола и 2 асистенции во првите три натпревари за време на оваа кампања.

Силните настапи на Санчо го разбудија интересот на неколку од водечките клубови во англиската Премиер лига, а Борусија Дортмунд прават се што можат за да го задржат талентот.

Тој има договор со Дортмунд до летото 2022 година, но според новиот договор, неговата плата ќе се удвои на 6 милиони евра по сезона.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...