Речиси 51 отсто од Американците велат дека Сенатот треба да го осуди Трамп и да изгласа негово отстранување од функција, се дознава од најновата анкета на телевзијата „Си-ен-ен“.
Од друга страна, 45 отсто од испитаните повикуваат Сенатот да гласи против осуда и отстранување на претседателот.
Речиси седум од 10 испитаници се изјасниле дека судот над Трамп треба да повика сведоци кои не сведочеле за време на истрагата за импичмент во Претставничкиот дом.
И додека демократите во Сенатот се обидуват да убедат барем четворица републикански сенатори да гласаат за повикување на сведоци, тврдокорните републикански сенатори се подолени, 48 отсто велат дека сакаат нови сведоци, додека 44 отсто велат дека не сакаат.
Од другите наоди на анкетата, мнозинство од Американците сметат дека предметите под кои Трамп е обвинет и се соочува со судење се точни.
Покажана е длабока поделеност по партиска линија – 89 отсто од демократските членови изјавуваат дека претседателот треба да биде отстранет од функција, додека само 8 отсто од републиканските членови го сметаат истото.
Независните се пак еднакво поделени, 48 се за отстранување на Трамп од власт, додека 46 отсто се против.
Tramp-EPA-ANDY-RAIN