Санитарната инспекција не нашла пропусти за третманот на Боки 13

Инспекторатот констатирал дека од 16 јули до 13 ноември Боки 13 бил 25 пати прегледан, а во неколку наврати интервенирала и Итната помош.

523

Од извршениот вонреден инспекциски надзор во ординацијата во затворот Шутка , Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостаоци кои се во нивна надлежност, информира ДСЗИ, по обвинувањата на адвокатот Сашко Дукоски дека никој од медицинските власт не сака да го згрижи Бојан Јовановски – Боки 13.

– Во врска со објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 20.11.2019 година извршен е вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во рамки на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16.07.2019 година при што е прегледан и ординирана му е терапија. Во периодот од 16.07.2019 година па до 13.11.2019 година за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички  и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи). При тоа упатите се давани со предходно медицинско  известување до надлежниот суд  за добивање  на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостаоци во надлежности на ДСЗИ, велат од Инспекторатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...