Сандро го продолжи договорот со Јувентус

72
Фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Шампионот на Италија, Јувентус го продолжи договорот на Алекс Сандро до летото 2023-та година.

Бразилскиот дефанзивец беше поврзуван со трансфер во Челзи и Манчестер Јунајтед, но ќе продолжи да го носи дресот на „бјанконерите“.

Сандро пристигна во Јувентус во 2015 година по трансфер од Порто. Денес официјалниот сајт на „Старата Дама“ се пофали со веста за 3-годишното продолжување на договорот на дефанзивецот.

Навивачите можат да бидат сигурни дека имаат фудбалер кој ќе дава 100 отсто од себе, за да победува. Ова беа зборовите на Алекс Сандро во 2015-та, кога беше претставен како фудбалер на Јувентус. Нема начин како да бидат искажани повистинити зборови за Бразилецот, кој денес го продолжи договорот со Јувентус до 2023, гласи пораката на „бјанконерите“.

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...