Сандерс: Трамп ќе го потпише буџетот за финасирање на Владата, но ќе прогласи и вонредна состојба

105
ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Претседателот ќе го потпише буџетот за финасирање на Владата, но ќе преземе други извршни чекори, вклучувајќи и прогласување вонредна состојба во земјата за да се спречи хуманитарната криза на границата, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел изјави дека американскиот претседател Доналд Тамп ќе го потпише договорот за буџет, со цел де се избегне нова блокада на федералната владата, но дека сепак ќе прогласи вонредна состојба за да овозможи финансирање на изградбата на ѕид на границата кон Мексико.

Според Меконел, Трамп ќе го потпише предлог буџетот најдоцна до вечерва.

Во случај на вонредна состојба парите за ѕидот ќе се обезбедат од други извори во федералниот буџет.

ФОТО: EPA / SHAWN THEW

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...