Санадер осуден на две и пол години затвор за воено профитерство

167

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер осуден е денеска на две и пол години затворска казна поради воено профитерство.

Судијката Јасна Галешиќ го прогласи Санадер за виновен во аферата за примање мито од австриската банка Хипо во 1995 година.

Таа во образложението наведе дека Санадер ја злоупотребил својата положба и направил дела против службената должност и воено профитерство.

Пресудата за Иво Санадер за воено профитерство е прва таква во историјата на Хрватска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...