Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите, тврди д-р Шарков, претседател на Бугарскиот стоматолошки сојуз

Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.

197

Само 30 отсто од Бугарите си ги мијат забите. Тоа го соопшти за Бугарската национална телевизија претседателот на Бугарскиот стоматолошки сојуз д-р Николај Шарков.

Тој посочи дека недостатокот на профилактика, лошата хигиена и систематското занемарување на оралното здравје се причините за застрашувачката забна слика во Бугарија.

Официјалните статистики покажуваат дека 18-годишниците во Бугарија имаат просечно 6 кариеси и 1 трајно изваден заб. И во возрасната група од 35 до 44 години, бројот на извадени заби се зголемува на 6.

– Бугаринот не купува паста за заби – нагласи Шарков.

– Според наши анализи, само околу 30 отсто купуваат често четки за заби и исто толкав број и паста за заби. Ова е она што се обидуваме да го промениме. Тие не си ги мијат забите. Покрај тоа, четките треба да се заменуваат на секои три месеци, изјави Шарков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...