Исршена и откорната урбана опрема е сликата од парк-шумата Гази Баба во Скопје.
Минатиот викенд градските и општинските служби го исчистија овој парк, а само неколку дена подоцна несовесни граѓани направиле ‘ршум.
Фотографии на својот Фејсбук профил објави градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски.
„Жалосно е што се почесто сме сведоци на дивјаштвото врз реквизитите и урбаната опрема која претходно била поставена на местата каде граѓаните најчесто рекреираат. Изминатиот викенд спроведовме заедничка акција за чистење на Парк шумата Гази Баба, а започна и обновата на урбаната опрема и реквизитите, но за жал само за неколку дена се уништени. Се прашувам, до кога ли? Кому му е толку мерак да уништи нешто што е поставено и за него? Наместо да се одржува и чува она што веќе го имаме, се повеќе се уништува“, напиша градоначалникот.