Топло време со локален пороен дожд не очекува за време на продолжениот викенд.
Метеоролозите за денеска во попладневните часови најавуваат нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура до 26 степени.
Времето во текот на денот ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.
И во Скопје, претпладне ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 11 до 23 степени.
Утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето и температура до 28 степени. Во недела попладне повторно ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи и температура до 29 степени.
Поинтензивни процеси се очекуваат во понеделник и вторник, кога врнежите ќе бидат пообилни, на места поројни проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.
Температурата ќе се искачи до 28-от степен. Најтопло ќе биде во среда со температура до 30 степени.