Поради државниот празник 8 Септември-Ден на независноста, ќе работат само три билетарници, информира ЈСП.
Дежурни со работно време од 7 до 19 часот ќе бидат билетарницитре на Зелен пазар и Транспортен центар, а од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.
Истиот ден, автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе сообраќаат по неделен возен ред.