Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, е единствениот обвинет во случајот „Титаник 2“ кој не дојде во Кривичниот суд во Скопје да ја слушне пресудата. Ова е единствениот предмет каде тој се најде на обвинителна клупа.
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев се појавија во судница да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судечкиот совет на чело со судијата Огнен Ставрев.
Рочиштето само што започна, судијата пресудата треба да ја соопшти пресудата во секој момент. Предметот се однесува на гласањето во ДИК за приговори за Струмица на локалните избори во 2013.