Само странците ќе ја спасат Катица Јанева

Без посредство, на претставници од ЕУ, бидејќи законот е еден од условите за почеток на преговорите, не верувам дека е можно власта и опозицијата да се најдат за СЈО. Да почекаме  до четврток и да видиме што ќе биде ставена на хартија во форма на амандмани. Сепак разликоте се огромни бидејќи станува збор за концепциски разлики, вели нашиот извор.

2900
20160212 Friday katica janeva

Како небо и земја се далеку позициите на СДСМ и  ВМРО-ДПМНЕ за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се впечатоците на дел од работната група по вчерашниот состанок за предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се решава и статусот на СЈО. Според нив, без посредство на странците, пред сѐ на претставници на ЕУ тешко дека е можно приближување на позициите помеѓу власта и опозицијата и постигнување консензус за предог законското решение.

– Без посредство, на претставници од ЕУ, бидејќи законот е еден од условите за почеток на преговорите, не верувам дека е можно власта и опозицијата да се најдат за СЈО. Да почекаме до четврток и да видиме што ќе биде ставено на хартија во форма на амандмани. Сепак разликите се огромни бидејќи станува збор за концепциски разлики – вели нашиот извор.

На состанокот се разгледувале член по член, но според нашиот соговорник, не се разговарало за персоналните решенија во СЈО. Директно не се споменало името на Катица Јанева или на некој друг обвинител, но индиректно, претставниците на опозицијата нагласувајќи ги изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски укажале дека се против неа и нејзиниот тим.

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов смета дека сите треба да се издигнат како политички партии над теснопартиските интереси во однос на прилично спротиставените ставови околу СЈО, особено пред добивањето на извештајот од Европската комисија и очекуваниот датум за преговори.

– Околу какви било прогнозирања за тоа дали има шанса или нема шанса, јас можам само да порачам дека треба да се издигнеме како политички партии над теснопартиските интереси во интерес на воспоставувањето на правната држава и во интерес на воспоставување на независни правосудни ограни. Сега останува на ВМРО-ДПМНЕ, имаат време до четврток додека да отпочне амандманската расправа да размислат дали навистина ќе се водат од нашите интереси за нашата европска интеграција и НАТО интеграцијата – вели Костадинов.

Министерката за правда Рената Дескоска, вчера по средбата изјави дека за нив е неприфатливо барањето СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал, ниту прекинувањето на истрагите и обвиненијата.

Клучните разлики се однесуваат на СЈО. Барањето коешто го доставија, СЈО да биде дел од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а не посебно обвинителство е прашање коешто реално не може да биде прифатено, од причина што една од стратешките определби е дека СЈО треба да продолжи како обвинителство, а не како одделение во друго обвинителство -, рече Дескоска.

Втората битна разлика се однесува на судбинатата на истрагите кои се во тек од страна на СЈО, предистражни постапки и обвиненија што се покренати по 18 месеци од предавањето на материјалите.

Дескоска вели дека барање за прекинување на овие постапки и потоа нивно,одново отпочнување, ќе значи губење на голем број докази што би биле сериозни докази во постапки. Со тоа има опасност од неуспешно завршување на многу постапки, а со тоа и амнестирање.

За ВМРО-ДПМНЕ неприфатливо е СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира.

Адвокатот Тони Менкиноски кој е претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тие се залагаат СЈО да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал.

– Сметаме дека СЈО треба да биде одделение во јавното обвинителство за организиран криминал. Не се прифатливи одредбите СЈО да не одговара пред никого и сам да си го создава буџетот – рече Менкиноски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...