Само пратеници со безбедносен сертификат ќе имаат увид во досието на Јанева

На Седницата на Комисијата ќе можат да присуствуваат исклучиво членовите кои имаат безбедносен сертификат, но и пратеници кои не се членови, а поседуваат валиден сертификат за класифицирани информации.

187
20151214 Monday sobranie anketna komisija svedoci soslusuvane nikola gruevski mediumi nadvor izbrkani brkani zatvorena vrata
Собраниската Комисија за избори и именувања денеска зад затворена врата ќе расправа по извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако Советот го отфрли барањето на претседателот на Комисијата Илија Димовски да го декласифицира материјалот, а за тоа дали ќе се расправа на затворена или отворена за јавноста седница да одлучат нејзините членови.
Завчера Димовски најави дека ќе испрати барање до новиот претседател до Советот на јавни обвинител Ацо Колевски, да го декласифицира документот, а Советот вчера го отфрли барањето со образложение дека Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште води истражна постапка за актуелниот предмет оформен против Специјалната јавна обвинителка и од тие причини потребно е да се заштитат правата на лицата кои се наведени во извештајот или да се спречи недозволено влијание во ова постапка.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...