Само пет отсто од Европејците знаат кога се европските избори

46

Само пет проценти од граѓаните на Европска Унија знае кога се одржуваат изборите за Европскиот парламент, покажува анкетата на Евробарометар.

Една третина од испитаниците знаеле дека изборите се во мај, но не биле запознаени со точниот датум.

Само во Данска, Шведска, Белгија и Холандија над 50 проценти од испитаниците изјавиле дека сигурно ќе гласаат на претстојните избори за ЕП, што ќе се одржат од 23 до 26 мај.

Во анкетата спроведена од крајот на февруари и почетокот на март учествувале 28.000 испитаници ширум ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...