Владата нема да ги раскине договорите за закуп на канцелариите на поранешните претседатели Ѓорѓе Иванов и Бранко Црвенковски, како што вчера побара Антикорупциска комисија, изјави владиниот портпарол Муамет Хоџа.
Според него, додека не се измени законот за правата и привилегиите на претседателитетие ќе постапуваат согласно постојните закони.
– Владата делува во согласност со позитивните законски одредби. Ако има промени во однос на привилегиите на поранешните функционери, Владата ќе ги почитува и ќе дејствува според нив. Додека се на сила овие ингеренции и привилегии за поранешните функционери, односно додека е на сила истиот закон, така и ќе се применува“, изјави Хоџа.
Антикорупциската комисија вчера побара раскинување на договорите за закуп на канцеларии на поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски, откако утврдиле дека, како што соопштија, канцелариите на Иванов биле избрани во нетранспарентна постапка“. На дописот од Антикорупциска, Иванов реагираше со демант.