Само МЗТ Скопје и Шкупи присутни на состанокот за намалување странски кошаркари

- Крајно сме разочарани од незаинтересираноста на поголемиот број на прволигашки клубови за денешната средба по клучното прашање - се вели во соопштението на МКФ.

59

На состанокот во Македонската кошаркарска федерација свикан по иницијативата на МЗТ Скопје Аеродром за намалување на бројот на странци во клубовите се појавија само претставници на иницијаторот (МЗТ Скопје Аеродорм) и на КК Шкупи од вкупно дванаесет учесници во прволигашките натпреварувања.

– Крајно сме разочарани од незаинтересираноста на поголемиот број на прволигашки клубови за денешната средба по клучното прашање – намалување на странски играчи во лигата. Сметаме дека средбата организирана од Македонската кошаркарска федерација, на барање на КК МЗТ Скопје Аеродром, требаше да биде стартна иницијатива за разговор преку бројки и преку факти по даденото прашање за да послужи како појдовна точка на изнаоѓање на конкретно решение за подобрување на условите и на квалитетот на лигата. Се надеваме дека во иднина ќе наидеме на разбирање и кај останатите клубови и дека ќе бидат позаинтересирани кога станува збор за кошаркарскиот спорт и иднината на истиот, се вели во соопштението на МКФ.

МЗТ неодамна покрена иницијатива за намалување на бројот на странските играчи во македонските клубови од постојните шест, најпрво на четири за следната сезона, а потоа и на тројца.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...