Во една од најжестоките дебати сезонава, вечерва во „Само вистина“ се
соочија Томислав Тунтев и Драган Данев.
Данев ги прозва СДСМ дека во една година не направиле ништо, освен што
постојано зборуваат за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во последните 10
години.
– Во ништо не е подобар животот една година подоцна – изјави Данев.
Тунтев пак, му возврати дека душман да беше, ВМРО немаше толку да ја
искраде државата.
– Автопатот Охрид-Кичево чини 10 милиони евра по километар….тоа го
нема ни во Норвешка! – рече Тунтев.
Во фокус на ТВ дуелот беше и Законот за аудио и аудио-визуелни
медиумски услуги, за тоа кој сака, а кому не му е во интерес да се
донесе новиот закон. На прашањето, зошто се добива впечаток дека се
кочи носењето на законот, Данев изјави дека ниту се кочи, ниту ќе биде
закочен законот, туку ВМРО-ДПМНЕ има сериозни забелешки.
– Ќе дискутираме за нив, тие беа за дебата, сега бегаат од дебата –
изјави тој, на што Тунтев му возврати дека законот беше на ЕНЕР уште
пред една година.
– Вие ја тегнете работата, зошто една година не ги дадовте
забелешките, сега поднесувате амандмани – изјави тој.