Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) обезбеди 2.000 одела за граѓаните од ромска националност, по повод празникот Рамазан Бајрам.
„Лидерот Самка Ибраимоски, преку своите пријатели и неговиот придонес, обезбеди 2.000 одела за Ромите во Македонија, и тоа за Шуто Оризари 500 комплети, за Кичево, Прилеп, Кочани и за Битола по 200, за Тетово и за Гостивар по 100, за Куманово и за Виница 150 одела, и за помалите општини вкупно 200 одела“, соопшти ПЦЕР.
Оттаму нагласуваат дека со овој гест сакаат да ги израдуваат сиромашните граѓани, барем да бидат облечени достоинствено за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам.