Партијата за целосна еманципација на Ромите го одржа својот 8-ми конгрес во Тетово. На конгресот беа присутни повеќе од 200 делегати и 200 симпатизери и гости.
Беше избрано ново раководство на партијата а меѓу другото и за претседател на партијата е реизбран Самка Ибраимоски, за генерален секретар на партијата е избрана Мерсиха Усеин, за организационен секретар е избран Аздријан Мемедов, а за потпретседатели на партијата се избрани Музафер Бајрам, Симбад Емин, Мухамед Алоски, Џулиета Мемедова и Севџан Сулејманов.
За претседател на младината на ПЦЕР е избрана Сабина Зекир а за потпретседател
Сенад Бајрамовски. За претседателка на Унијата на жени на партијата е реизбрана Зурија Саит а за потпретседателка Суада Фазлии.