САМИТ ВО „МАНДА“ Мицковски им расправал на новинарите што „договарал“ со Заев?!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ собрал поголема група новинари, меѓу кои има и блиски до премиерот, на кои им кажал дека со Заев договорил заедно со претседателските да има и предвремени парламентарни избори. Брифингот се одржал во кафулето „Манда“.

10242

Верувале или не, се случило и тоа!

Наводно на иницијатива на еден познат македонски новинар, тој и поголема група новинари од македонските редакции, меѓу кои имало и блиски до премиерот Зоран Заев, се собрале синоќа во кафулето „Манда“ на „затворена“ и „неформална“ средба со Христијан Мицковски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Наш извор, присутен на средбата, тврди дека Мицковски ги брифирал новинарите дека преговорите со Грција ќе пропаднат и дека процесот ќе го блокира претседателот Ѓорге Иванов. Имено, без оглед што ќе договорат Скопје и Атина, договорот мора да биде ратификуван во парламентот, а Иванов нема да ја потпишел ратификацијата.

Мицковски на новинарите им рекол дека затоа нема никакви шанси спорот за името да се реши пред изборот на нов претседател на Републиката.

Она што е најинтересно е тврдењето на Мицковски дека тој со Заев наводно веќе се договорил заедно со претседателските избори вгодина да се одржат и вонредни парламентарни избори. Но, според Мицковски, тој и Заев биле согласни да не се оди на изборен модел со една изборна единица.

Мицковски побарал за средбата да не се известува и таа да има строго неформален карактер.

Најсмешно од сѐ е што групата новинари се фотографирала со Мицковски пред „Манда“, па се очекува наскоро фотографијата да се појави на Фејсбук.

Инаку, Плусинфо прв пат слуша тврдења дека Заев и Мицковски се договарале за вака чувствителни прашања какво што е прашањето на вонредни парламентарни извори. Во очекување сме на реакција на СДСМ и на лидерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...