Договорот не е само лош, туку е непотребен и понижувачки компромис, вели поранешниот грчки премиер, Андонис Самарас коментирајќи го договорот меѓу Македонија и Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
– Не му го дадоа само името на Скопје, ги дадоа и националноста и идентитетот и јазикот на Македонија. Меѓународно го слабее грчкиот карактер на Македонија. Создавајќи повеќе жаришта за конфликти во иднина. И поткопувајќи ја стабилноста на целиот регион. Може СИРИЗА и Независни Грци со лаги ги добија гласовите од грчкиот народ. Но, да знаат дека Грците нема да прифатат да им ја украдат нивната душа – коментира Самарас преку социјалните мрежи.