Италијаните го користаат август за да се одморат и да побегнат од градот, а Матео Салвини не е исклучок. Министерот за внатрешни работи е фотографиран како ужива на плажата Папити Бич, пиејќи коктели, правејќи селфиња со фанови, а станал и диџеј, пренесува „Политико“.
Тој стигнал да одржи митинг и неколку конференции за печатот, а го изнавредувал и репортерот кој го снимил неговиот син на полициски џет ски.
Негови критичари наведуваат дека повеќе време поминувал на телевизиски емисии, а помалку извршувајќи си ја својата работа во канцеларија. Но, се чини дека неговата стратегија делува. Поддршката за неговата партија Лига се искачила на 38 отсто, што е речиси дупло во однос на минатогодишниот изборен резултат.
– Никогаш не сум гласал за Лига, но следниот пат ќе го сторам тоа. Тој е единствениот политичар кој зборува и се однесува како нас – рекол 35-годишниот Марко Кодаџоне, работник во фабрика, кој планира утре да посети плажа и да слуша музика која како диџеј ќе ја пушта Салвини.
ФОТО: Принтскрин / Политико