Салах нема да игра на реваншот со Барселона, Клоп се надева на чудо

231
ФОТО: EPA / PETER POWELL

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, соопшти дека напаѓачот Мохамед Салах ќе го пропушти утрешниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона.

Дваесет и шестгодишниот Египќанец се повреди на средбата со Њукасл во рамките на 37. коло на Премие рлигата.

Барселона во Англија доаѓа со предност од 3:0, но Клоп се надева на чудо и пласман во финалето.

– Никој не би сакал да биде во таква ситуација пред возвратниот меч. Но, верувам дека сé уште имаме шанса да стигнеме до финалето. Треба да сториме сé што е можно. За да стигнеме до финалето, треба да постигнеме четири гола. Ситуацијата е многу тешка. Но, додека имаме 11 играчи подготвени да влезат на терен, ќе се обидеме – изјави Клоп.

Натпреварот е закажан за утревечер со почеток во 21 часот.

ФОТО: EPA / PETER POWELL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...