Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах утре ќе замине во Шпанија каде ќе биде подложен на медицински третман за санирање на повредата на рамото.
Египетскиот репрезентативец се здоби со повреда викендот во финалето на Лигата на шампионите при еден дуел со Серхио Рамос.
Салах во Шпанија ќе биде придружуван од официјални лица од египетската репрезентација, како и од Ливерпул.
Неодамна египетскиот репрезентативец изрази надеж дека ќе биде подготвен за настап на Мундијалот во Русија што ќе се игра од 14 јуни до 15 јули.