По извршената реконструкција на пливачкиот базен и извршеното тестирање на целиот систем, денеска ќе биде отворен уште еден пливачки базен во склоп на затворениот објект со базени во СЦ „Борис Трајковски“.
Базенот ќе биде наменет за сите рекреативци кои го посетуваат овој објект, за сите оние кои сакаат да научат да пливаат, да инвестираат во своето здравје, како и во здравјето на своите деца. Овој дел е опремен со соодветни туш кабини и тоалети, а секој родител ќе може одблизу да го следи тренингот на своето дете, релаксирајќи се со кафе.
– Моето задоволство е огромно, се чувствувам исполнет, бидејќи со ова што се случува денес, го прошируваме капацитетот на најдобриот пливачки базен во нашата држава, правиме нешто со кое базенот по деветгодишна пренамена од базен во сала за бокс беше крајно нерентабилен, како и несоодветен простор за изведување на тренинзи од таков тип, без обезбедување на основните човечки услови за такви тренинзи. Затоа со мојот тим одлучивме да направиме уште едно добро, со кое базенот го враќаме на пливачите, на сите посетители кои ќе го користат за терапевтско пливање, за сите родители кои сакаат да уживаат заедно со своите деца. Воедно сакам да ги повикам сите граѓани да го посетат најдобриот пливачки базен, кој ги нуди најдобрите услови и да уживаат во беспрекорно чиста вода, која се одржува со најсовремена технологија- изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Александар Петровски.