Сакаме НАТО и ЕУ ама да бидат подалеку од нас!

И крст и кама бацуваше и велеше дека и тој и неговата ВМРО се Македонија да влезе во НАТО и ЕУ. А со последниот чекор направи грешка.

1788

Дали Мицкоски и Каракамишева, по одржаната средба, навистина поверуваа дека македонскиот народ им поверува на нивните лаги. Верувам дека и нивните членови не им поверуваа. ВМРО-ДПМНЕ е голема Партија.

На големата четворка Мицкоски доби да се формира предизборна влада, според Пржинскиот договор, Закон за финансирање на партиите и Изборната комисија да се избира со двотретинско мнозинство во Парламентот. Но, Мицкоски и покрај ова не прифати референдум, како што бараа сите други.

„Референдумот да имал едно значење. Да не биде и за влез во НАТО и ЕУ туку да биде само за договорот со Грција!“. Така рекол. Но не знам дали знае дека со ова и ВМРО и тој и она достоинство што го имаа, пред очите на меѓународната јавност, во скоро време ќе го немаат. Ќе го изгубат. А виновник никој друг нема да биде освен Мицкоски. Мислеше дека е добар преговарач. Дека ќе направи сѐ за да се спаси најнапред самиот тој, а потоа да го спаси „вождот“ и сите околу него, кои се обвинети за украдени милиони евра народни пари. Меѓу редови побарал Амнестија. И со тоа расипа сѐ. Но остана на она што му го даде како задача „вождот“.

Мицкоски, побутнат, се фати на орото, но, на крајот, ја згреши играта. Наместо три напред тој на крајот се врати три назад. Дали Каракамишева така го подучи или пак „вождот“ му нареди така да игра!? Лидерот на ВМРО друго решение се чинеше немаше. Со неприфаќањето на референдумот ги изгуби сите шанси за да го спаси водачот и тајфата околу него, а најлошо од сѐ го „урна“ угледот на Партијата не само кај своите туку и кај членките од НАТО и ЕУ. Народот рекол:„Со лага ага не бива!“. А Мицкоски сакаше да биде ага и спасител на „вождот“!

И крст и кама бацуваше и велеше дека и тој и неговата ВМРО се Македонија да влезе во НАТО и ЕУ. А со последниот чекор направи грешка. Кога сите очекуваа да биде избрана изборната комисија, да се донесе Законот за финансирање на партиите и да се избере предизборна влада по терк на Пржинскиот договор, Мицкоски се „попишмани“ и наместо да прифати побара „гаранција“ мнозинството да ја поништи одлуката за изборната комисија да може да се избере и со 61 пратенички глас.

Мицкоски повторно излага и повторно сам е против сите. Докажа повторно дека лаже. Лажел и дека прави сѐ Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ. Го растури орото. Дали повторно ќе има оро и дали Мицкоски, со Каракамишева или сега со некоја друга, ќе се фати, не знам, но, не треба да заборави дека ако има повторно оро, тој мора да биде како последен, на крајот. А што ќе му рече на сето она што го направи водачот!? Ќе му каже ли дека со опструкциите Македонија ја губи и последната шанса за влез во НАТО и ЕУ?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...