Во ерата на правењето „совршено“ и колку што е можно необично селфи, луѓето понекогаш забораваат дека не секогаш е умесно да се фотографираат со што и да посакаат. Понекогаш и го „добиваат“ она што најмалку го очекувале!
Тоа на своја кожа го почувствува девојка, која сакала да се фотографира со коза. Но, козата имала сосема други планови.
Во еден момент, кога девојката сакала да направи совршено селфи со коза, животното се приближило и ја удрило со глава по главата притоа нокаутирајќи ја девојката.