Триесет и четиригодишна скопјанка почина откако нејзиниот братучет кој се расправал со нејзиниот сопруг ја избодел со нож во стомакот. Од повредите А.Ѓ. починала на местото, а сопругот и братучедот завршиле во болница.
Полицијата соопшти дека синоќа настанала куса расправија и тепачка помеѓу С.Х.(39) братучед на починатата и нејзиниот сопругот С.Х.(37) по што братучедот заминал дома. По кратко време тој се вратил со нож во рака по што продолжила расправијата и тепачката. Во критичниот момент на расправијата А.Ѓ. почувствувала дека расправијата може да заврши кобно по нејзиниот сопруг и одлучила да застане пред него. Тогаш нејзиниот братучед С.Х.(39) со ножот и нанел убодни рани во стомакот, по што починала на местото.
С.Х.(39) и С.Х.(37) биле приведени во Полициската станица Чаир, по што, поради здобиените повреди, со возила на Итна медицинска помош, С.Х.(37) бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а С.Х.(39) во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По целосно расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.