Саити: Случајот „Рекет“ се води на фолклорен начин

796

Случајот „Рекет“, генерално на општата доверба на граѓаните во правосудниот систем ќе влијае негативно, иако одредени политички структури и одредени структури од меѓународната заедница го поздравија овој чин со тоа што сметаат дека едно ново поглавје од борбата против корупцијата и организираниот криминал, вели претседателот на претседател на Здружението на судии, Џемали Саити, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. 

– Но, генерално сметам дека оваа постапка негативно ќе влијае на рејтингот на судството, на довербата, но од друга страна доколку се спроведе на вистински начин, иако во оваа фаза, искрен сум, морам да признам, оваа постапка се води поприлично јавно и поприлично на некој фолклорен начин да кажам, за тоа што сè уште немаме ние конкретни акти по однос на предметот. Доколку е така, сметам дека тоа е постапка која треба да се спроведе на таков начин, но последиците по СЈО се познати, значи негативни се. Ќе се обидат веројатно политичките чинители да најдат решение, рамка, како тоа да се ублажи во однос на целата структура на СЈО, но тука се согласувам и со мислењето на професор Гордан Калајџиев, кој истакна дека судбината на СЈО сепак е врзана со првиот човек, затоа што СЈО е јавниот обвинител, сите други се во функција на обавување на таа дејност – вели Саити.

Целото интервју можете да го прочитате и погледнете ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...