Саити: Мислењето од Врховен упати дека предметите на СЈО треба да преминат во редовното ЈО

286

Начелното правно мислење на Врховниот суд за СЈО е во сила и уште тогаш упати на фактот дека сите работи кои се одвиваат после 18-те месеци треба да преминат во редовното обвнителство, изјави денеска врховниот судија Џемаил Саити, одговарајќи на новинарско прашање дали тоа паѓа со преземањето на предметите на СЈО од страна на редовното ЈО.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на проектната конференција за зајакнување на капацитетите на Судско медиумскиот совет, Саити рече дека начелното мислење било водилка и во насока на сите активности кои се случуваат.

– Начелното мислење беше водилка на целите настани. Во една прилика нагласив дека начелното мислење значи отпочнување на процесот на разрешување на целата состојба околу функционирањето на СЈО. Фактички начелното мислење и тогаш упати на фактот дека сите работи кои се одвиваат после 18-те месеци треба да преминат во редовното обвнителство. Во овој момент имаме еден чекор понатаму, се случи сите досегашни активности да преминат во рамките на редовното обвинителство. Значи тоа не е депласирано, туку е во насока на сите активности кои се случуваат – изјави Саити.

Посочи дека таа одлука е во правна сила и останува како судиите и обвинителствата ќе ја применат, односно во кој момент ќе ја искористат.

Прашан дали може да се закаже нова седница, Саити рече дека тоа е можно, но дека засега немаат такви иницијативи.

– Членот шест од измените на Законот за судовите го дава тоа право. Го шири спектарот на иницијатори на правни мислења пред Врховен суд. Досега по мои сознанија нема такви иницијативи. Можно е да се случи да има такви иницијативи и в.д. претседателот ќе си го постави тоа на дневен ред – изјави Саити.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на проектната конференција за зајакнување на капацитетите на Судско медиумскиот совет, Саити рече дека како Здружение на судии ги следат случувањата поврзани со статусот на судиите, меѓу кои и иницијативите за дисциплинска одговорност.

– Свесни сме за некои исклучувања што се случуваа во последниот период. Да, тоа се одразува на капацитетите на Врховниот суд. Во тек се консултации дополнителни. Активностите на Судскиот совет се во тек, по однос на нови именувања во Врховен суд и се надеваме дека ќе се комплетираат тие капацитети – изјави Саити.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...