Саемот на книга од 8 до 14 мај

225
Во ВИП Арената „Борис Трајковски“ од 8 до 14 мај ќе се одржува 31. Саем на книгата, на кој годинава земја во фокусот е Унгарија, а ќе учествуваат и издавачки куќи од
Србија, Косово и Албанија. Покрај понудата на изданија со саемски попусти, планирани се и промоции и средби со автори.

– Подготовките се во завршна фаза. Како и секоја година Министерството за култура како покровител на саемската манифестацијата, очекуваме да овозможи поддршка на издавачите, овозможувајќи соодветни услови за промоција на литературата и издавачката дејност на Саемот на книгата 2019. Саемската манифестација која, пред сè, го слави читањето, ќе се одржува од 8 до 14 мај. Имајќи го во предвид националниот интерес и значење на Саемот на книгата, очекуваме активно учество на Министерството за култура – изјави Сања Кондарко, проект-менаџер на Саемот на книгата.

Организаторите очекуваат голема посетеност како и минатата година кога на оваа манифестација,  која лани првпат се одржа во ВИП Арената „Борис Трајковски“, имаше рекордни околу 45.000 посетители

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...