САД со 8,3 милијарди долари ќе се соочи со новиот коронавирус

48

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша денеска законски акт за издвојување 8,3 милијарди долари за борба против новиот коронавирус.

Средствата ќе бидат доставени до федерални здравствени служби за набавка на вакцини, тестови за медицински средства како и за помош на федерални држави и локални власти подготвено да дочекаат закани за ширење на вирусот.

Сенатот вчера го одобри предлог законот со образложение дека брзото ширење на епидемијата е закана да го загрози секојдневниот живот во САД. Тоа е за трипати повисока сума одобрена пред 10 денови од Белата куќа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...