Брачна двојка од Дебар заболена од коронавирус, се вратила од Италија

Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција во 19:30 часот во Владата.

3340
На коронавирус денеска попладне се тестирани двајца нови пациенти и нивните резултати се позитивни на вирусот, соопшти Министерството за здравство.

 

„Според информацијата која ја имаме во моментов, станува збор за сопружници од Дебар, кои пред неколку дена се вратиле од Италија.

Министерството за здравство ги собира деталите за пациентите. Со дополнителните информации, министерот Венко Филипче ќе се обрати на прес-конференција во 19:30 часот во Владата“, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...