САД: Се подготвуваме за поагресивни кибер-операции пред изборите во 2020 година

38

САД се подготвуваат за поагресивни кибер-операции за соодветен удар соочени со зголемен број кибер-напади и закани за вмешување во претседателските избори во 2020 година. Тоа го изјави вчера пред комисија во Конгресот, Пол Накасони, началник на Кибер-командата на САД.

Генерал Накасони нагласи дека кибер нападите од страна на Русија, Кина, Северна Кореја и Иран стануваат се поусовршени и до неодамна биле извршувани со мала загриженоста за последиците. Изјавата на генерал Накасони е дадена по извештајна ВМС на САД во кој се опишани значителни пробивања на компјутерски системи и се заклучува дека тие ја губат кибер-војната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...