САД се повлекува од Договорот за глобална трговија со оружје

Тој договор регулира меѓународна трговија со конвенционално оружје вклучително оружје со мал калибар, тенкови, борбени авиони и бродови.

267
ФОТО: EPA-SHAWN-THEW

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека САД одлучиле да повлечат поддршка за Договорот за глобална трговија со оружје.

Тој договор регулира меѓународна трговија со конвенционално оружје вклучително оружје со мал калибар, тенкови, борбени авиони и бродови.

Трамп изјави дека САД „го отфрлаат тој договор“ и дека „повлекуваат свој потпис“ од него. Американскиот претседател го нагласи тоа во говор на Националното здружение за оружје кои тврдат дека договорот претставува закана за Вториот амандман на Уставот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...