Од Амбасадата на САД во Скопје попладнево информираа дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името.
– Ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе почнеме процес на промена на референците на интернет-страниците, официјалните документи и секаде на друго место, се наведува во кусата објава на амбасадата.