САД поништија визи на 49 лица поврзани со Мадуро

49
ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

САД поништија визи на 49 лица поврзани со претседателот на Венецуела Николас Мадуро, соопшти Стејт департментот.

Целта на овој потег е да се зголеми притисокот врз Мадуро за да се повлече од функцијата.

Стејт департментот соопшти дека визните ограничувања се воведени за „лица одговорни за загрозување на демократијата во Венецуела” и дека таквата политика ќе се примени кон „многу официјални лица поврзани со Мадуро, како и нивните семејства”.

Администрацијата на претседателот на Доналд Трамп, зголемувајќи го притисокот врз Владата на Николас Мадуро, претходно воведе санкции против шест други безбедносни функционери на Венецуела поради попречување на испорака на хуманитарна помош.

Американското министерство за финансии објави дека шест лица, вклучувајќи и претставници на Националната гарда и полицијата, учествувале во акции со кои Мадуро ја затвори границата на Венецуела со Бразил и Колумбија, со цел да спречи влез на хуманитарна помош од земји кои се противат на неговото останување на власт.

ФОТО: EPA / DAVID FERNANDEZ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...