САД одбија понуда да посредуваат во дијалогот помеѓу Мадуро и Гуаидо

79
ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

САД ја одбија понудата на Мексико, Уругвај и Ватикан да посредуваат во дијалогот помеѓу претседателот на Венецуела, Николас Мадуро и лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател.

– Ги отфрламе сите разговори кои би му овозможиле на Мадуро да остане на власт – изјави неименуван американски претставник.

Тој го повтори ставот на САД дека Мадуро повеќе не е претседател на Венецуела.
Мексико и Уругвај најавија одржување на меѓународна конференција на 7 февруари во Монтевидео, на која ќе присуствуваат претставници од држави и меѓународни тела со „неутрален став“ кон Венецуела.

– Владите на Уругвај и на Мексико во согласност со својот неутрален став кон Венецуела организраат меѓународна конференција со претставници на земји и на меѓународни организации кои делат таков став – се наведува во соопштението издадено од уругвајската Влада.

Уругвај и Мексико не го признаваат опозиционерот Хуан Гуаидо, претседателот на Парламентот, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела.

ФОТО: EPA / Miguel Gutiérrez

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...