САД: Награда од пет милиони долари за лоцирање на терористот Абу Вахид

325

Стејт департментот понуди парична награда до пет милиони американски долари за информации што би довеле до идентификација или лоцирање на Аднан Абу Вахид ал-Сахрави.

Абу Вахид е поранешен член на Полисарија, кој стана лидер на терористичката организација Исламска држава во Голема Сахара (ИСИСГС).

Абу Вахид, исто така, бил член на џихадистичкото Движење за единство и џихад во Западна Африка, и бил нивни портпарол за време на војната во Мали, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Програмата Награда за правда, исто така, нуди награда до 5 милиони американски долари за информации што би довеле до апсење или осуда во која било земја на секој што извршил, планирал да изврши или помогнал во нападот од заседа на американско-нигерска патрола во Нигер во 2017 година. Тогаш загинаа четворица американски војници, а одговорноста за нападот ја презеде терористичката Исламска држава во Голема Сахара

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...