САД му забранија влез на градоначалникот на Драч поради сомнеж за корупција

333

Стејт департментот му забрани влез во САД на градоначалникот на Драч, Ванѓуш Драко, поради вмешаност во корупција од големи размери.

Во забраната се вклучени и сопругата на Драко, Алба, неговиот син Џулио и неговата ќерка Кејси.

„Денешната одлука испраќа силна порака дека САД се целосно посветени на борбата против корупцијата насекаде низ светот“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Албанската опозиција во повеќе наврати досега го обвинуваше премиерот Еди Рама и други функционери, како Драко, на пример, за соработка со криминални структури за кражба на гласови и местење на изборите во Албанија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...