САД: Едно лице загина, повеќе повредени во невреме

Ударите на торнадото достигнувале меѓу 180 и 220 километри на час, потврди националната метеоролошка служба. Локалните власти соопштиле дека најмалку дваесетина куќи биле оштетени во невремето.

255

Најмалку едно лице загина, повеќемина се повредени, а 500.000 луѓе останаа без електрична енергија во невремето што зафати поголем дел од САД, од Јужна Каролина до Мејн и Охајо.

Еден маж загинал откако дрво паднало врз неговото возило во Тенеси. Во предградие на Њујорк повредена е 19-годишна девојка кога врз неа паднало стебло, а уште едно лице е повредено при удар на торнадо во Пенсилванија.

Ударите на торнадото достигнувале меѓу 180 и 220 километри на час, потврди националната метеоролошка служба. Локалните власти соопштиле дека најмалку дваесетина куќи биле оштетени во невремето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...