САД: Двајца загинати во судар на хеликоптери

217

Две лица загинале, а еден е повреден во судар на два помали хеликоптери над ранч во американската држава Тексас, соопшти тексашкото одделение за јавна безбедност.

Според соопштението, несреќата се случила во близина на местото Хбронвил, на околу 260 километри јужно од Сан Антонио. Еден од хеликоптерите успеал да слета, а другиот се урнал, при што две лица загинале.

Американската сојузна администрација за авијација соопштила дека станува збор за хеликоптери од типот „Робинсон Р22“.

Засега нема официјални информации за причината за несреќата. Истрагата за случајот е во тек.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...